понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 13
home Фудбал

Еве каков клуб е Номе Калју: Дојдоа со 16 играчи ја посрамотија Шкендија, а во хотелот се радуваа до небо

Еве каков клуб е Номе Калју: Дојдоа со 16 играчи ја посрамотија Шкендија, а во хотелот се радуваа до небо

Попладнево на Националната Арена „Тодор Проески“ се случи една од најголемите бламажи во историјата на мак-фудбалот. Нашиот првак, нашата Шкендија имаше се во своите раце и успеа се да испушти во бунар. Имаше и 1:0 пред реваншот, имаше шанси, стативи, пречки, но на крајот беше 1:2 или вкупно 2:2. А внимавајте од каков клуб е елиминирана таа „моќна“, таа „силна“, таа „европска“ Шкендија.

Номе Калју во Скопје дојде само со 16 играчи, дали немале пари за повеќе, дали и тие доста биле, не знаеме. Успеа со херојска борба да ги понижи тетовци за да потоа во хотелот „Скала“ каде што биле сместени, да се радуваат до небо. Очевидците велат такво радување не виделе до сега, барем кога се фудбалери во прашање.

Извор: sportmedia.mk

Фото: sportmedia.mk