сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ЕУРО2020: Челзи и Сити со најмногу фудбалери, македонската репрезентација со 23 „странци“ и тројца „домашни“

ЕУРО2020: Челзи и Сити со најмногу фудбалери, македонската репрезентација со 23 „странци“ и тројца „домашни“

Од вкупно 26 фудбалери во македонскиот систав за ЕУРО2020, 23. настапуваат во европски лиги, а само тројца во домашното првенство.

„Честа“ на македонскиот прволигашки фудбал на ЕУРО2020 ќе ја бранат голманот на Работнички, Ристе Јанков, дефанзивецот на шампионот Шкендија, Егзон Бејтулаи и напаѓачот на Академија Пандев, Марјан Радески.

Од македонските „странци“, најмногу – по тројца – настапуваат во Шпанија (Столе Димитриевски, Енис Барди и Александар Трајковски), Кипар (Стефан Спировски, Иван Тричковски, Дамјан Шишковски), Хрватска (Аријан Адеми, Стефан Ристовски, Дарко Велковски) и Италија (Горан Пандев, Бобан Николов и Елиф Елмас).

По двајца настапуваат во Словачка (Тихомир Костадинов, Милан Ристовски) и Унгарија (Кире Ристевски, Висар Муслиу), а во македонската репрезентација по еден играч доаѓа од Англија (Езѓан Алиоски), Белгија (Ѓоко Зајков), Германија (Дарко Чурлинов), Албанија (Феран Хасани), Турција (Даниел Аврамовски), Франција (Влатко Стојановски) и Босна и Херцеговина (Крсте Велкоски).

На ЕУРО2020 се пријавени вкупно 624 фудбалери, кои настапуваат во 32 држави и 208 екипи. Најмногу од нив, дури 152, настапуваат во англиските лиги.

Во клупски рамки, најмногу свои фудбалери на ЕУРО2020 имаат европскиот првак Челзи и англискиот првак Манчестер сити, по 15.

Коронавирус