четврток, 26. мај 2022. Вести денес: 162
home Фудбал

Еуфоријата го прави своето: 200.000 навивачи сакаат на „Сан Сиро“ во недела

Еуфоријата го прави своето: 200.000 навивачи сакаат на „Сан Сиро“ во недела

Во пеколна завршница од сезоната во Серија А, почнува конечната разврска околу тоа кој ќе биде новиот шампион во првенството.

Милан е во одлична позиција конечно по долг пост да освои титула во Серија А, имаат два бода повеќе од Интер и ги држат сите конци во свои раце.

До крајот на сезоната има уште два натпревари, а веќе ова коло играат тежок меч против Аталанта на Сан Сиро, меч кој треба да даде одговор дали Милан е кадарен за да освои титула годинава.

Навивачите на Милан се свесни за тежината на овој натпревар и многу од нив сакаат да се на „Сан Сиро“, но тоа нема да биде можно.

Имено, дури 200.000 луѓе побарале од клубот да добијат влезници, но јасно е дека само 40% од тие навивачи ќе може да бидат присутни на „Сан Сиро“, капацитетот е нешто над 80.000 седишта.

Натпреварот Милан – Аталанта се игра во недела од 18 часот, а од 20:45 игра Интер кај Каљари, па ова коло може да падне одлука за нов шампион во случај Милан да победи, а Интер да киксира. Милан во тој случај би освоил титула по цели 11 години.

Коронавирус