четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 119
home Фудбал

Еуфорија во Мостар: Сите се шишаат ќелави зошто Вележ го елиминираше грчкиот АЕК (ВИДЕО)

Еуфорија во Мостар: Сите се шишаат ќелави зошто Вележ го елиминираше грчкиот АЕК (ВИДЕО)

Босанскиот тим Вележ успеа да направи сензација и да го елиминира големиот фаворит, грчкиот АЕК во второто коло од Конференциската лига на УЕФА. Вележ имаше предност од 2-1 од првиот меч, несреќно прими гол во последните мигови од вториот дуел во Атина, потоа се играа и продолженија, а на крајот мостарскиот тим победи на пенали.

Тренерот Феда Дудиќ и фудбалерите ветија дека сите ќе се шишаат ќелави ако успеат да направат ваков подвиг. Шефот седна на клупа и веднаш беше ишишан.

И фановите, по остварената сензација се во еуфорија и уште синоќа почнаа да се шишаат „на нула“.

Коронавирус