петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 11
home Фудбал

Ето не е задоволен од номинацијата за најдобро десно крило во историјата на фудбалот

Ето не е задоволен од номинацијата за најдобро десно крило во историјата на фудбалот

Поранешниот репрезентативец на Камерун, Самуел Ето, го критикуваше „Франс Фудбал“ дека е вклучен во списокот на кандидати за најдобри играчи во историјата на фудбалот како десно крило.

Триесет и деветгодишниот Камерунец ги потсети новинарите дека во поголемиот дел од својата кариера играше како центарфор.

-Благодарам, но поминав само 1-2 сезони десно, додека 25 години како центарфор. Недостиг на почит од Франс Фудбал, напиша Ето на Твитер.

Во својата богата фудбалска кариера Ето беше дел и од европските гиганти како Челзи, Интер, Барселона, Реал Мадрид,…

Коронавирус