вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 79
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Фудбал

Еспозито: Плачев со мајка ми, сега ѝ вратив за сите сендвичи пред тренинзите

Еспозито: Плачев со мајка ми, сега ѝ вратив за сите сендвичи пред тренинзите

Себастијано Еспозито е ѕвездата на вечерта во Серија А. Младиот 17-годишен напаѓач на Интер даде гол во победата над Џенова (4-0) и тоа од пенал по голем гест на Ромелу Лукаку, кој му ја отстапи шансата да шутира од белата точка.

Тој не ја криеше возбудата по првиот гол, а истиот го прослави во прегратките на неговата мајка. И двајцата плачеа од среќа, а фудбалерот истакна дека така ѝ вратил за сите сендвичи направени пред тренинзите.

„Не спиев цела ноќ, мислев што ќе биде и не можев да замислам подобро сценарио од ова. Се надевам дека ќе продолжам по овој пат. Лукаку е фантастична личност ама и играч, тоа го покажа кога го даде вториот гол. По голот плачев заедно со мајка ми, така ѝ вратив за сите направени сендвичи пред тренинзите. Овој гол е за неа“, изјави напаѓачот.

Еспозито влезе во историјата на Интер, како најмлад играч во стартниот тим во 21 век со 17 години и 172 дена. Во историјата го испрати Марио Балотели, кој беше во прв тим на 17 години и 203 дена, во дуелот со Наполи.

 

Коронавирус