петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Ериксен: Тешко ми е да тренирам во подрум

Ериксен: Тешко ми е да тренирам во подрум

„Ова е најголемата пауза без фудбал во мојот живот, не сум допрел топка веќе 7 недели“, се жали Данецот од редовите нa Интер.

Данскиот репрезенттаивец, кој на крајот од јануари дојде во Интер од редовите на Тотенхем, даде интервју за данскиот дневен весник Morgenavisen Jyllands-Posten во кое се пожали колку му е тешко во самоизолација.

„Тешко е, навистина е тешко. Замислете, во мојата куќа во Милано има околу 70 метри патека од мојот подрум до соседната куќа. Теоретски, би можел да трчам 35 метри, но потоа доаѓа кривина и ходникот завршува со последните метри. Навистина е тешко да се тренира дома во овие услови“, вели Ериксен.

„Не сум допрел топка веќе 7 недели. Ова е најголемата пауза без фудбал во мојот живот, ептен ми фали играњето со топка“. Се жали и на тренинзите кои ги прави дома: „Тешко е, многу се различни“.

За време на задолжителниот карантин Eриксен отkри дека и бил запрен од полиција бидејќи бил затекнат надвор од домот.

„Еден ден ме запре полиција во Милано. Со мојот лош италијански морав да им објаснувам зошто бев излезен и требаше да им покажам документи“.

Коронавирус