четврток, 5. август 2021. Вести денес: 100
home Фудбал

„Ериксен прво едвај дишеше, а потоа почнавме да го губиме“

„Ериксен прво едвај дишеше, а потоа почнавме да го губиме“

Данскиот лекар Мортен Бусен, првиот кој дојде да му пружи помош на Кристијан Ериксен заедно со докторот на стадионот, раскажа што се случувало во миговите кога данскиот фудбалер лежеше на тревата.

Тој вели дека Ериксен прво имал пулс, но потоа работите се смениле.

„Не видов како падна, само ни рекоа дека нешто се случува и дека треба брзо да влезема на терен и да помогнеме. Кога се доближив, видов дека е Ериксен. Лежеше на тревата, едвај дишеше. Прво му го почувствував пулсот, а потоа ситуацијата драстично се смени. Почнавме да го губиме“, раскажува лекарот на данската репрезентација, Мортен Бусен.

Неговата брза реакција го спасила фудбалерот од сигурна смрт.

„Кога пулсот почна да се губи, почнавме да го реанимираме. Тука беше и докторот од стадионот. Сите заедно работевме и успеавме да го вратиме Кристјан во живот. Тоа беше одлична тимска работа“, рече Бусен кој додаде дека потоа успеал и да разговара со фудбалерот.

Коронавирус