петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 55
home Фудбал

Ериксен: Морав да го поминам карантинот во клупската база

Ериксен: Морав да го поминам карантинот во клупската база

Играчот од средниот на Интер, Кристијан Ериксен зборуваше за тоа како јапреживува изолација од пандемијата на коронавирус, како и за неговиот трансфер во клубот во јануари.

– Трчам во подземниот паркинг и пресметав дека можам да трчам 35 метри, а потоа мора да се свртам и да истрчам уште 35 метри на враќање. Не сум допрел топка за 7 недели. Ова е најдолгиот период без фудбал во мојот живот и навистина ми недостасува.Бидејќи сè уште немам дом во Милано, решив да разговарам со Ромелу Лукаку и Ешли Јанг, но тие имаат семејства за кои треба да се грижат, а да спијам 14 дена на нечиј тросед е премногу долго. Наместо тоа, јас поминав карантин во клупската база со готвач и петмина вработени кои одбраа да се изолираат за да ги заштитат своите семејства, вели Ериксен за дански „Jyllands Posten“.

Тој вели дека трансферот во Интер е вистинскиот потег за него, бидејќи „нероазурите“ биле многу упорни во нивната желба да потпишат со него.

– Ова е важно за играчот да знае дека е сакан. Тоа значеше дека тие ќе сторат сé за да ме привлечат. Некои навивачи на Тотенхем беа лути кога во интервјуто за Би-Би-Си реков дека имам подобри шанси да освојам нешто во Интер. Сепак, ова е точно, има многу клубови во Англија кои се посилни. Секогаш ќе има луѓе од Спарси кои ќе се лутат на мене, но повеќето навивачи беа позитивни и ми се допаѓаше да играм за клубот. Запознав неколку прекрасни луѓе и имам добри спомени. Посакувам да заминев во други околности, но така не функционира фудбалот, изјави Ериксен.

ЕУРО 2020

Македонија