четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Фудбал

Ериксен искомуницирал со соиграчите со видео-повик, Похјанпало не го прослави историскиот гол за Финска

Ериксен искомуницирал со соиграчите со видео-повик, Похјанпало не го прослави историскиот гол за Финска

Финската фудаблска репрезентација оствари сензационална победа на својот прв настап на едно Европско првенство, откако играчите на оваа репрезентација беа помирни и посконцентрирани на теренот после хоророт кој се случи во првото полувреме.

Натперварот беше во прекин повеќе од 90 минути поради итната медицинска помош која мораше да ја добие Кристијан Ериксен, фудбалерот на Данска кој за среќа беше вратен во живот од лекарите и сега е стабилизиран и хоспитализиран во болница.

Медиумите од Данска открија дека натпреварот се доигра токму по барање на играчот за врска, кој имал видео вклучување преку социјалните мрежи и побарал од своите соиграчи да се вратат на теренот и да се обидат да стигнат до трите бода.

– Играчите имаат прилика да зборуваат со Ериксен откако добија видео-повик од него и заеднички решија дека треба да го доиграат мечот, – откри спортскиот директор на Данците, Петер Молер.

Сепак, враќањето на теренот дефинтивно не беше лесно за репрезентативците на Данска, кои иако дадоа се што имаа на теренот, на крајот загубија со минимални 0:1 во Копенхаген. Похјанпало од почит кон Ериксен не го прослави историскиот прв гол за Финска на дебитантсткиот настап на Европско првенство, додека Хојбјерг се претвори во трагичар бидејќи не реалзираше пенал за 1:1.

Коронавирус