сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 92
home Фудбал

Ерера го насмари Нејмар на тренингот, па му се смееше во лице (Видео)

Ерера го насмари Нејмар на тренингот, па му се смееше во лице (Видео)

Иако одработи неколку тренинзи по враќањето од Јужна Америка, ПСЖ вчера соопшти дека Нејмар нема да игра против Лајпциг вечерва во Лигата на шампионите.

Бразилската ѕвезда има ситни болки во препоните и лекарскиот тим не сака да ризикува со влошување на состојбата, која според виденото на последниот тренинг, дефинитивно не е сериозна.

Нејмар бил дел од групата која ги извршувала подготовките за вечерашниот меч на „Паркот на принцовите“, па дури бил и жртва на сеир од својот соиграч.

Андер Ерера му одржал лекција на Нејмар за време на тренингот и му продал популарен „тунел“, а потоа му се смеел и во лице на својот соиграч.

Како и обично, Нејмар не ужива кога е жртва на вакви потези, па во следниот дуел со Ерера влегол далеку поагресивно.

Коронавирус