недела, 22. јули 2018. Вести денес: 16
home Фудбал

Енрике Сересо: Не знам ништо за иднината на Гризман

Енрике Сересо: Не знам ништо за иднината на Гризман

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо, посочи дека ѕвездата на тимот, Антоан Гризман навистина може да замине по крајот на сезоната.

Во интервју за весникот „АС“, шефот на „јорганџиите“ прв пат ја омекна својата позиција во однос на заминувањето на Французинот.

– Не знам ништо за иднината на Гризман. Ниту јас, ниту тренерот знае нешто. Само Гризман знае што следи за него во иднина, изјави Сересо.

Тој сепак повтори дека засега тој е фудбалер на Атлетико и дека нема да водат преговори со ниту еден клуб за напаѓачот.

Барселона веќе подолг период е заинтересирана за Гризман, а неговата откупна клаузула во моментов изнесува 200 милиони евра. По 1 јули сепак таа ќе падне на 100 милиони евра и се верува дека „каталонците“ ќе ја платат.