четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Енрике сака 200 милиони фунти за трансфери за да го преземе Арсенал

Енрике сака 200 милиони фунти за трансфери за да го преземе Арсенал

Еден од фаворитите за нов менаџер на Арсенал, Луис Енрике ќе побара од шефовите на клубот 200 милиони фунти за летна селекција, ако дојде до таму тој да го замени Арсен Венгер на чело на тимот, пишува „Сан“.

Стручњакот изгледа како најголем фаворит за функцијата, но проблемот е дека шефовите на „топчиите“ сакаат да поминат по скромно во летниот трансфер прозорец и да не потрошат повеќе од 50 милиони фунти, а останатите средства да дојдат од продажба на играчи .

Ако екстренерот на Барса го преземе тимот, тогаш тој е подготвен да направи големи промени во составот и да ги земе вистинските, според него, фудбалери, тврди англиското издание.

Сепак се смета дека тој е фан на Лаказет и Обамејанг и во секој случај двајцата ќе останат во тимот при евентуалното негово пристигнување на „Емирати“.

Се смета дека Шпанецот ќе сака по секоја цена газдите да го купат Раџа Наинголан од Рома, ако пристигне во тимот.

Коронавирус