сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Енрике главен фаворит за тренерската функција во Челзи

Енрике главен фаворит за тренерската функција во Челзи

Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, е прв фаворит за нов предводник на Челзи.

Раководството на лондонскиот клуб смета дека Шпанецот е најсоодветно решение за менаџерската позиција.

Според англиските медиуми, на сегашниот тренер Антонио Конте ќе му биде раскинат договорот за што клубот ќе плати обештетување од 10 милиони евра.

Покрај Енрике, во комбинација се и Маурицио Сари од Наполи и Леонард Жардим од Монако.

МИА

Коронавирус