среда, 17. октомври 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

Енрике еден од можните наследници на Лопетеги на чело на Шпанија

Енрике еден од можните наследници на Лопетеги на чело на Шпанија

Откако денес стана јасно дека селекторот на Шпанија, Хулен Лопетеги ќе го преземе Реал Мадрид по крајот на Светското првенство во Русија, од медиумите во Шпанија побрзаа да лицитираат со имињата на стручњаците кои можат да го наследат на чело на „Фуријата“.

Според „Марка“ тоа се Мичел Гонзалес, кој за последен беше на чело на Малага, поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, селекторот на младинската репрезентација на Шпанија Алберт Селадес, како и менаџерот на Нотингем Форест – Аитор Каранка.

Весникот „Мундо Депортиво“, исто така ги вклучува во списокот Луис Енрике, Мичел и Алберт Селадес, како и спортскиот директор на Шпанската фудбалска федерација – Фернандо Јеро.

Каталонското издание шанса да се докажат во националниот тим им дава и на поранешниот тренер на Лас Палмас, Пако Хемес, тренерот на Бетис, Кике Сетина како и на Кике Санчез Флорес, чиј последен тим беше Еспањол.