недела, 22. мај 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Енис Барди се сели во Милано?!

Енис Барди се сели во Милано?!

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч. Медиумите во Шпанија и Италија, тврдат дека тој веќе добил неколку понуди. Самиот ќе реши дали ќе остане во Ла Лига или ќе се пресели во Серија А.

Фудбалскиот великан Милан, како што тврдат медиумите на Апенинскиот полуостров, сак да го донесе Барди до крајот на зимскиот преоден рок. Наводно, понудиле 5.000.000 евра за фудбалерот на Леванте.

Од италијанските тимови, за Барди, бил заинтересиран и Торино, на чија клупа седи Хрватот, Иван Јуриќ.

Од шпанските клубови, интерес за Барди покажале од Реал Сосиедад. Клубот од Сан Себастијан има желба да го донесе Барди по завршувањето на сезоната, кога тој ќе биде слободен играч.

Леванте се последни на табелата во Ла Лига, но како и да заврши оваа сезона за тимот од Валенсија, извесно е дека Барди ќе биде еден од играчите што ќе замине од клубот.

Коронавирус