сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 60
home Фудбал

Емотивна исповед на Абидал: Додека се борел за живот, Меси му испратил порака која го скршила

-Тоа е болка на која ќе се сеќавам целиот живот. Беше неподнослива, како некој да те боде со нож. Кога докторот ми кажа дека ќе ми треба уште една операција, бев среќен. Такво патење не би посакал никому, заклучи Абидал кој се пензионираше од фудбалот во 2014. година.
Емотивна исповед на Абидал: Додека се борел за живот, Меси му испратил порака која го скршила

Поранешниот француски репрезентативец Ерик Абидал откри прилично шокантен детал од времето додека се борел со тешката болест. Поранешниот дефанзивец на Барселона во 2011 година заболе од тумор на црниот дроб, поради што мораше да замине на операција, а на крајот за среќа ја победи тешката болест.

Меѓутоа, кога бил во најтешка состојба, тој направил видео порака и со тоа сакал да и испрати поддршка на екипата. Сепак, реакцијата на Лионел Меси и останатите соиграчи го изненадила и го разочарала.

-Бев многу слаб и во пресрет на натпреварот направив видео порака и ја испратив на соиграчите за да им дадам поддршка. Знаете што ми кажа Меси? Повеќе да не им праќам такви работи бидејќи тоа ги демотивира и дека изгледам како зомби и ги плашам сите. Јас тоа не го видов така, сакав да ги охрабрам, но ми рекоа дека тоа ги вознемирува, открива некогашниот фудбалер на Барселона во интервјуто кое го даде за „Канал +“.

Очигледно дека Меси и остатокот од соблекувалната не разбраа низ што точно минувал Абидал, кој преживеал тешки моменти и тоа сам со своето семејство.