вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 42
home Фудбал

Емери одлучил за иднината на Вилшир за 15 минути

Емери одлучил за иднината на Вилшир за 15 минути

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери откри дека му биле потребни само 15 минути за да го реши прашањето со иднината на полудефанзивецот Џек Вилшир. Ова лето, 26-годишниот фудбалер го напушти матичниот Арсенал и премина во Вест Хем како слободен агент.

Вилшир веќе раскажа дека клучна за неговата одлука била средба со новиот тренер на „топџиите“, а Емери сега објасни зошто дијалогот со играчот поминал брзо и лесно.

– Пред да замине, јас разговаравв со него 15 минути. Прво, сакав да ја искажам мојата почит за неговата кариера тука. А потоа, тој треба да постапи така, како што ќе биде најдобро за неговата иднина, рече Емери.

Арсенал утре го пречекува Вест Хем и нема никакви пречки Вилшир првпат да се соочи со својот поранешен клуб.

– Знам дека нашите поддржувачи го сакаат и почитуваат. Мислам дека ќе го пречекаат добро. Нашиот разговор беше прилично јасен. За мене беше важно да разбере едно нешто – тука главна улога во развојот на проектот ќе имам јас. Веројатно тој немаше да има главна улога на теренот во секој натпревар. Ситуацијата со конкуренцијата би донела компликации за него. Нашиот разговор беше за тоа. Му посакувам се најдобро во Вест Хем, но не в сабота, заклучи тренерот.

Во првите два натпревара на чело на Арсенал, Емери забележа два пораза – од Манчестер Сити и од Челзи.

Коронавирус