среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 79
home Фудбал

Емери одби да се поздрави и го разлути Чави: Не можам да го разберам….. (Видео)

Емери одби да се поздрави и го разлути Чави: Не можам да го разберам….. (Видео)

Барселона ја оствари првата победа на гостински терен во Примера во текот на вчерашната ноќ, откако тимот со доста голема среќа и подобра завршница успеа да слави против Вилјареал.

Двата гола на Депај и Кутињо во финишот и донесоа голема победа на Барса од 1:3, која и самиот Чави Ернандес призна дека е незаслужена со оглед на квалитетот кој го покажа Вилјареал.

– Ова е злато вреден триумф за нас, игравме против тим кој има квалитет да игра во Лигата на шампионите. Ќе бидам реален, Вилјареал не заслужи да загуби со оглед на тоа што го прикажа на теренот. Многу не притискаа и страдавме на теренот. Овојпат ја имавме среќата која ни недостасуваше против Бенфика, – изјави Чави кој беше бесен на крајот од мечот.

Унаи Емери побегна во соблекувалната и не се поздрави со тренерот на Барселона, што предизвика голема лутина кај Чави кој се расправаше со цел стручен штаб на домаќинот. Емери смета дека Вилјареал бил оштетен за два пенали и побара одговори од луѓето во ВАР, додека Чави не ја разбира неговата лутина и некоректна реакција.

– Го очекував поздравот од Емери на крајот од мечот и затоа се налутив. Не разбирам зошто тој беше лут, но тоа се работи кои се случуваат и нема да обрнувам премногу внимание на тоа. Треба да има спортски дух во секој случај и нема да го коментирам неговото мислење за судиските одлуки, – порача Чави.

Видеото може да го погледнете ТУКА

Коронавирус