петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 29
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Фудбал

Емери: Не постои конфликт, Озил отсуствува поради болест

Емери: Не постои конфликт, Озил отсуствува поради болест

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери, ги демантираше гласините дека фудбалерот Месут Озил не настапил на натпреварот против Вест Хем поради наводна кавга меѓу нив за време на тренинг.

Емери истакна дека Озил не дошол на натпреварот поради болест, а не поради конфликт меѓу нив двајцата.

– Озил е болен и не постои никаков друг проблем. Можете да разговарате со нашиот лекар и тој се ќе ви објасни, истакна Емери.

Претходно во медиумите се појавија гласини дека двајцата се скарале на тренингот во петокот, а дека Озил одбил да настапи на натпреварот откако дознал дека нема да биде во почетната постава.

Арсенал по двата пораза од Манчестер сити и Челзи, вчера под водство на Унаи Емери ја забележа првата победа во Премиер лигата и со 3:1 го совлада Вест Хем.

Коронавирус