сабота, 17. април 2021. Вести денес: 16
home Фудбал

Емери: Можеме да го отстраниме БАТЕ Борисов

Емери: Можеме да го отстраниме БАТЕ Борисов

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери беше разочаран по поразот од 0:1 против БАТЕ Борисов во првиот шеснаесетфинален дуел во Лигата на Европа.

– Изгубивме. Нема на што да се радуваме. Во првото полувреме имавме многу позиции, но ривалот одигра одлично во одбраната. Во вториот дел, исто така, создадовме шанси, но БАТЕ повторно покажа одлична одбрана и успеа да постигне гол. Се надевам дека ќе по една недела ќе видиме сосема друг натпревар, изјави Шпанецот по мечот.

Тој сепак останува уверен во способноста на неговиот тим да го отстрани белорускиот ривал.

– Можеме да го смениме текот на судирот и да продолжиме понатаму. За жал го загубивме Лаказет поради црвен карта. Не можам да коментирам за праведноста на казната, бидејќи не ја видов ситуацијата добро, додаде Емери.

МИА

Коронавирус