среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Елмас со солиден настап против Милан, се издвои од сите на теренот по еден статистички показател

Елмас со солиден настап против Милан, се издвои од сите на теренот по еден статистички показател

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра цел натпревар во дресот на Наполи на дерби пресметката против Милан која заврши без победник, 1:1.

Нашиот Елмас беше солиден во текот на целиот натпревар и беше меѓу порасположените на теренот кај Наполи.

Играчот од средниот ред кој на натпреварот со Милан доби малку поинаква улога и дејствуваше на левата крилна позиција беше пред сите фудбалери во еден статистички показател.

Имено, Елмас претрча најмногу километри од играчите на двете екипи за сите 95 минути колку што се играше натпреварот. Младиот фудбалер претрча 11.73 километри, додека следен кој претрча толку беше неговиот соиграч Зјелински кој поминал околу 400 метри помалку до Елмас (11.34 км).

Во таборот на Милан, Конти и Пакета претрчаа по 11.25, односно 11.04 км на натпреварот.

Елмас според официјалните податоци беше и играчот врз кого се направени најмногу фаули, вкупно три.

Коронавирус