среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 128
home Фудбал

Елмас со моќна порака до Михајловиќ: Напред Синиша! (ФОТО)

Елмас со моќна порака до Михајловиќ: Напред Синиша! (ФОТО)

Тренерот на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ, ги импресионираше сите кога ја прекина хемотерапијата за да ја предводи својата екипа на првиот меч од новата сезона во Серија А.

Фудбалскиот свет постојано испраќа пораки со поддршка до српскиот стратег, кој се бори против леукемијата, болест која неодамна ја откри.

Во поддршката се приклучи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој ова лето пристигна во Серија А, облекувајќи го дресот на Наполи, тим кој има големи амбиции во претстојаната натпреварувачка сезона.

Елмас на Инстаграм сподели фотографија и испрати моќна порака со поддршка за Михајловиќ.

Коронавирус