сабота, 15. август 2020. Вести денес: 41
home Фудбал

Елмас и соиграчите плачеле кога дознале за отказот на Дон Карло

Елмас и соиграчите плачеле кога дознале за отказот на Дон Карло

Играчите на Наполи реагирале емотивно кога по натпреварот против Гент во Лигата на шампионите (4-0) дознале дека тренерот Карло Анчелоти добил отказ.

Калчолигашот се пласира меѓу 16-те најдобри во Европа, но и покрај тоа италијанската тренерска легенда доби отказ од Де Лаурентис. Атмосферата во соблекувалната од која дел е македонскиот репезентативец Ељиф Елмас по мечот била траорна.

Наместо да се слави пласманот, сите играчи плачеле и му дале поддршка на Анчелоти. Кулибали и Зиелиснки јавно застанаа зад тренерот, но и тоа не помогна популарниот Дон Карло да остане стратег на Наполи.

Местото на Анчелоти во тимот од Неапол ќе го пополни Џенаро Гатузо.

Коронавирус