понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 10
home Фудбал

Елиф Елмас ѝ подари долна облека, кадифено мече и букет рози на анонимна девојка, а јавноста за малку ќе го ставеше на нејзиниот список! (ФОТО)

Елиф Елмас ѝ подари долна облека, кадифено мече и букет рози на анонимна девојка, а јавноста за малку ќе го ставеше на нејзиниот список! (ФОТО)

Не тајна ниту непознато дека нашиот Елиф Елмас важи за фудбалски дијамант, кој со уште малку „брусење“ и среќа, лесно може да  ја достигне славата и цената на најголемите светски фудбалски ѕвезди.

И додека за фудбалот секојдневно ни станува јасно дека ова „наше дете“ има и тоа каков потенцијал, за неговата приватност малку се знае. А како расте славата, расте и љубопитноста, што тоа прави Елиф приватно, надвор од теренот?

Иако е активен на социјалните мрежи, Елмас сепак постира речиси само фотографии од неговиот професионален живот и важните спортски моменти. Приватноста некаде во втор или трет план, срамежливо ја криеше, се до пред некој ден кога фудбалскиот бисер  ги изненади своите следбеници на Инстаграм.

Елиф на своето „стори“ сподели  фотографија која буквално ги остави со подзината уста своите следбеници и обожаватели. На неа кадифено мече облечено во дресот на Наполи, букет црвени рози и украсна кеса во која според  логото на брендот во прашање е тајна… И тоа не било чија туку некоја од „Тајните на Викторија“ ( Victoria’s Secret)… Што значи дека внатре се крие подарок во вид на луксузно парче, ексклузивна женска долна облека!

И црвениот аларм веднаш се запали! А штом некој од познатите  ја „заскокотка“ јавноста, веднаш тргнуваат и приказните, кому македонскиот фудбалер и ѕвездата на Наполи му праќа интимни подароци?!

Особено заради тоа што некако истовремено во фокусот на интересот беше и познатата италијанска модна инфлуенсерка и старлета, расната Флоријана Месина, која реши да проговори за нејзините врски и контакти, понуди и непристојни предлози од разни фудбалери во Италија.

Црвот на сомнежот кој ги доведе во спрега подарокот на Елмас и италијанската убавица е фактот што токму таа е и голема навивачка на фудбалскиот клуб Наполи.

Љубовта кон боите на клубот таа отворено, а и прилично разголено ги покажува, споделувајќи ги преку своите фотографии на социјалните мрежи.

Месина во исто време откри дека и се јавувале голем број женети играчи, но и оние кои се слободни, за да си поминат убаво со неа, кои со неа стапувале во контакт токму преку социјалните мрежи.

„Бројот на фудбалери кои ми праќаа бакнежи преку Инстаграм или ме покануваа на вечера е многу голем“ – изјавила Флоријана што предизвика хаос во фудбалскиот свет, особено во Италија. Особено откако раскошната убавица рекла дека за домашните играчи не сака да зборува и да ги открива нивните имиња иако списокот е долг…

И таман некои помислија дека „малиот“ од Наполи „паднал“ на „шармот и понудата“ на расната инфлуенсерка, па „тајниот подарок“ е наменет за неа, а по него ќе има веројатно и „тајна вечера“, за среќа „камен од срце“ им падна на сите откако и самата Флоријана „ги отвори картите“, во кои ниту оддалеку го нема нашиот Елмас!

Имено, таа прокоментира дека контакти имала со петмина фудбали на Интер, а останатите кои ја контактирале играат надвор од Италија!

Што значи дека кадифеното мече ќе заврши во сосема други раце, црвените рози ќе и мирисаат на сосема друга мадам, чие тело ќе ја носи и скапата и ексклузивна долна облека…  Ама која е ТАА – останува тајна. Не само „на Викторија“, туку и на Елмас.

Како што е тајна дали ТОЈ можеби ќе „дебитира“ како единствен „играч“ во моментот кога ТАА за прв пат ќе ја облече на себе „Тајната на Викторија“?!

 

извро: vistina.com.mk

Коронавирус