вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 75
home Фудбал

Елиф Елмас номиниран за „Златно момче“ во друштво со Донарумa, Феликс, Винисиус Жуниор…

Елиф Елмас номиниран за „Златно момче“ во друштво со Донарумa, Феликс, Винисиус Жуниор…

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде на листата од 40 најголеми млади таленти во Еворпа номинирани за наградата „Златно момче“

Нашиот фудбалер летото потпиша за Наполи, каде само го потврди својот голем потенцијал и на листата номинирани за најдобар млад играч се најде во друштво со ѕвезди како Џанлуиџи Донарума, Жоао Феликс, Винисиус Жуниор, Џејдон Санчо и Николо Заниоло.

Минатата година оваа награда ја доби Матијс де Лихт, кој летово направи трансфер од Ајакс во Јувентус за 70 милиони евра. Оваа награда ја доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“.