вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 35
home Фудбал

Елиф Елмас добива звучно име за тренер во Наполи

Елиф Елмас добива звучно име за тренер во Наполи

Како што информираат денеска италијанските медиуми, Наполи, наводно, го убедил Лучано Спалети кој се очекува да го го наследи Џенаро Гатузо.

„Ла Гаѕета дело Спорт“ објави дека сопственикот на клубот Аурелио Де Лаурентис го избра поранешниот стратег на Интер и Рома за нов тренер на „наполитанците“.

Поранешниот шеф на стручниот штаб на Милан, Гатузо си оди на крајот од сезоната дури и доколку успее да ја врати Лигата на шампионите во Неапол.

Весникот тврди дека Спалети бил во континуиран разговор со Де Лаурентис, првично двете страни не постигнале договор околу финансиските услови бидејќи Спалети побарал четири милиони евра годишно, а Наполи понудил 2,5 милиони плус бонуси.

Но, најновите информации велат дека трансферот ќе биде реализиран со годишна заработка од три милиони евра по сезона и на тој начин Спалети биде новиот тренер на Наполи од сезоната 2021/2022.

ЕУРО 2020

Македонија