петок, 6. декември 2019. Вести денес: 82
home Фудбал

„Ел Паис“: Мбапе сака да игра за Сити

„Ел Паис“: Мбапе сака да игра за Сити

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе е свесен за тоа каде сака да ја продолжи кариерата. Францускиот репрезентативец сака да оди во Манчестер Сити, објави „Ел Паис“. Сепак, тој нема да брза да го смени клубот и може да остане во Париз и следната сезона.

Според шпанското издание, младата ѕвезда има воспоставено многу добри односи со менаџерот на англискиот клуб, Пеп Гвардиола. Тие остануваат во контакт и во иднина Мбапе би сакал да работи со Шпанецот, можеби во Манчестер Сити.

Французинот има договор со парижаните до летото 2022 година.