четврток, 1. јуни 2023. Вести денес: 55
Во живо

Мицкоски во општина Конче во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“

home Фудбал

Ел Класико се враќа во 20:45 часот

Ел Класико се враќа во 20:45 часот

Фудбалерите на Барселона и на Реал Мадрид следното „Ел Класико“ ќе го играат на 6 мај на „Камп Ноу“ со почеток од 20 часот и 45 минути.

Ова е прво дерби во „нормален“ термин по подолго време, откако претходно со цел да им се излезе во пресрет на гледачите од другите континенти натпреварот почнуваше многу порано од вообичаеното.

Сега пладневниот термин (12 часот) е заменет со вечерниот во кој почнуваат и најголемиот број на дуели од ЛШ.

Според пласманот на табелата лесно може да се случи Барселона на таа средба да ја завери титулата и да го симне Реал од тронот, па се очекува голем интерес и распродаден стадион многу порано од денот на „Ел Класико“.