недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Фудбал

Експресна промена во правилата за Купот на Италија

Експресна промена во правилата за Купот на Италија

Претстојниот реванш на турнирот за Купот на Италија ќе се одржи под променети правила, открива „Кориере дело Спорт“. Идејата е да нема продолженија, туку да се оди директно на извршување на пенали. Се очекува официјална потврда.

Ова е направено за да не се преоптоваруваат играчите по долгата пауза и недоволното време за целосни подготовки.

Во петокот Јувентус е домаќин на Милан по 1:1 во првиот судир, а еден ден подоцна Наполи го пречекува Интер по победата од 1:0 на „Меаца“.

Финалето на турнирот е следната среда (17 јуни), а и во него нема да има продолженија. (МИА)

Коронавирус