сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Екс играч на Дортмунд: Халанд не е класа фудбалер!

Екс играч на Дортмунд: Халанд не е класа фудбалер!

Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмумд, Џулијан Кохлер, смета дека Ерлинг Халанд и не е баш така класа фудбалер како што го смета цела Европа.

Фантастичниот 19 годишен норвежанец игра одлично и многумина веруваат дека Дортмунд навистина нема да го ослободи за сума под 120 милиони евра.

Тој иако е млад, се уште не е доволно профилиран како голен голгетер, но факт е дека ги има тие предиспозиции да стане уште побрутален финишер.

„Тој се уште не е играч од светска класа, тој се разбира е врвен фудбалер, има предиспозиции да стане светска класа, но сепак не е прва класа“, порач Кохлер.

Халанд минатата сезона брилјираше во дресот на Дортмунд, постигна 41 гол на 41 натпревар, што секако укажува дека се работи за дијамант фудбалер кој допрва ќе ја бруси својата форма и класа.

Коронавирус