понеделник, 27. септември 2021. Вести денес: 74
home Фудбал

Екипата на Интер ја откажа турнејата во САД поради Ковид-19

Екипата на Интер ја откажа турнејата во САД поради Ковид-19

Откако Англискиот премиерлигаш Арсенал се реши да не оди во САД и Италијанскиот фудбалски шампион Интер ја откажаа својата предсезонска турнеја во САД затоа што се загрижени за пандемија на Ковид 19.

Арсенал во вторникот објави дека се откажува од патувањето во САД на турнирот поради серија позитивни случаи на коронавирусот во клубот.

Арсенал требаше да игра на Купот на Флорида, а за време на нивниот престој во САД требаше да одигра два натпревари, првиот против Интер и вториот против Евертон или Милонариос.

Сепак, и Италијанците го откажаа својот настап на Купот на Флорида.

„Интер нема да патува во САД на Купот на Флорида поради сегашните ризици вклучени во меѓународните патувања како резултат на ширењето на пандемијата“, рече тимот од Сан Сиро.

Коронавирус