четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 94
home Фудбал

Егзодус од Манчестер: Сити се плаши дека може да им избегаат ѕвездите!

Егзодус од Манчестер: Сити се плаши дека може да им избегаат ѕвездите!

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е загрижен поради тоа што англискиот гигант нема да игра во Лигата на шампиони во следните две сезони, а тоа би можело да влијае и на ѕвездите на клубот, кои сигурно ќе сакаат да заминат поради тоа што нема да настапуваат во елитното натпреварување.

По забраната за настап во европските натпреварувања на две години, се шпекулира за заминување дури и на Гвардиола, а освен тоа управата се плаши и од тоа да не им избегаат ѕвездите, по што сигурно ќе мора да прават нов ремонт.

УЕФА реши да го казни Сити по долга истрага, која беше активирана поради документите кои претходно ги објави германски „Шпигл“, а во нив пишуваше дека премиерлигашот добивал финансиска помош од инвеститорски компании од Обединетите Арапски Емирати, па сега англискиот тим има право на жалба, но наводно мали се шансите да биде променета одлуката.

Коронавирус