сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 88
home Фудбал

Ефектот од Роналдо: Падна сајтот на Јунајтед, а вредноста на клубот се зголеми за 250 милиони евра!

Ефектот од Роналдо: Падна сајтот на Јунајтед, а вредноста на клубот се зголеми за 250 милиони евра!

Навивачите на Манчестер јунајтед се пресреќни затоа што Кристијано Роналдо се врати на „Олд Трафорд“.

Тој на клубот му донесе 94 милиони евра при трансферот, а сега повторно му носи приход на клубот. Јунајтед потврди преку официјалниот сајт дека Роналдо потпишал договор со екипата, по што поради преголема посета падна сајтот на „црвените ѓаволи“.

Сериозни потреси направи Португалецот со неговото враќање во Манчестер, а проблеми имаше и „Скај Спортс“ чиј сајт падна поради тоа што први ја објавија веста за Роналдо.

Од друга страна, пристигнаа и информации за акциите на клубот, кои во моментот на враќање на Роналдо скокнаа за осум проценти, односно тоа се 250 милиони евра.

Локални избори 2021