среда, 4. август 2021. Вести денес: 66
home Фудбал

Един Џеко пред преселба во Турција, од турскиот великан потврдија дека го сакаат

Един Џеко пред преселба во Турција, од турскиот великан потврдија дека го сакаат

Турските медиуми веќе подолго време го селат Един Џеко на Босфорот. Во игра за потписот на босанскиот шпиц е актуелниот шампион на Турција, тимот на Бешикташ, а дека во овие приказни има вистина, потврди изјавата на потпретседателот на Бешиктар, Емре Кочадаг во разговор за ТРТ.

„Главната цел на клубот е да се доведе квалитетен напаѓач. Кога имате таква цел, тогаш Един Џеко е играч каков што сакате во тимот“– изјави потпретседателот на турскиот великан.

Угледниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, исто така тврди дека турскиот шампион Бешикташ е сериозно заинтересиран за услугите на Џеко, што дополнително ги зголемуваат шпекулациите за заминувањето на Босанецот.

Џеко во Рома пристигна во 2016-та година од Манчестер Сити. Кариерата ја започна во Жељезничар, а настапуваше уште за Теплице, Усти над Лабем и Волфсбург.

Мината сезона во сите натпреварувања одигра 38 меча, на кои постигна 13 гола и додели 13 асистенции.

Коронавирус