сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 91
home Фудбал

Еден осомничен убиен откако ранил четворица полицајци кои сакале да му врачат налог

Еден осомничен убиен откако ранил четворица полицајци кои сакале да му врачат налог

Четворица полицајци се ранети при обид за врачување на судски налог, додека осомничениот, кој на нив отворил оган и во својот дом поставил експлозивна направа, е убиен, соопштија официјални лица на американската држава Оклахома.

Локалните власти побарале помош од полицијата за да му биде врачен налогот на мажот, кој имал „насилно криминално минато“, поврзано со дрога.

Претставникот на полицијата Пол Тимонс изјави дека се претпоставува оти убиениот маж поставил експлозивна направа на влезната врата на својот дом, бидејќи по влегувањето на полицајците во куќата, избил пожар.

Се верува дека осомничениот имал и безбедносна камера.

Пожарот зафатил неколку згради, по што интервенирала и противпожарната служба.

Тимонс изјави дека очекува брзо закрепнување на четворицата ранети полицајци. Уште еден нивен колега бил погоден од куршум во гради, но, не е ранет оти носел безбедносен елек.

МИА

Коронавирус