среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 39
home Фудбал

Еден од шеиците му се закани на Покетино за замената на Меси

Еден од шеиците му се закани на Покетино за замената на Меси

Маурисио Покетино нема лесна задача да ја подели минутажата, во Париз е преполно со ѕвезди.

Вчера се налути најголемата, Лео Меси. Аргентинецот беше заменет во 75 минута, а тоа не му се допадна. Меси и отворено покажа дека замената од Покетино не му се допаѓа со тоа што одби да се поздрави при напуштањето на теренот.

Веројатно и раководните луѓе на ПСЖ се на страната на Меси, барем ако судиме по објавата на роднината на газдата на ПСЖ, Калифа Бин Хамад Ал Тани. Треба да се спомене дека тој прв објави дека трансферот на Меси е завршен.

Ал Тани објави фотографија од Покетино под која напиша:

„Лондон е убав град…го знаеш тоа“, за многумина ова е закана кон Покетино.

Локални избори 2021