сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Еден од најдобрите фудбалери на Хрватска ја прекинува фудбалската кариера поради срцеви проблеми

Еден од најдобрите фудбалери на Хрватска ја прекинува фудбалската кариера поради срцеви проблеми

Милан на своите официјални страни објави дека хрватскиот репрезентативец, Иван Стриниќ, ја прекинува кариерата поради проблеми со срцето.

Стриниќ беше на редовен лекарски преглед во својот нов клуб, каде пристигна летово од редовите на Сампдорија.

Милан соопшти дека му е пронајден почеток на хипертрофија на срцевиот мускул, па не смее да игра се додека не се направат дополнителни испитувања.

Инаку, Иван Стриниќ беше еден од најдобрите фудбалери на Светското првенство во Русија, кое се одигра ова лето, а на кое неговата Хрватска успеа да одигра турнир кој вечно ќе се памети во нивната земја и успеаја да стигнат до среброто.

Коронавирус