среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 151
home Фудбал

Еден играч е сигурен: Зидан потврди кој фудбалер од нападот ќе остане следната сезона

Еден играч е сигурен: Зидан потврди кој фудбалер од нападот ќе остане следната сезона

Во последно време на големо се шпекулира околу имињата кои би можеле да си заминат од Реал Мадрид во летниот преоден рок.

Посебно се потенцираат напаѓачите кои оваа сезона не оставија голем впечаток, па така речиси секој од нив се поврзува со заминување во јуни.

Во таквите комбинаторики влегуваше и името на Марко Асенсио, но сега Зинедин Зидан со својата изјава јасно стави до знаење дека брзоногиот фудбалер ќе остане во престолнината на Шпанија.

-Зборував со Асенсио и му кажав дека ќе игра важна улога во нашиот тим. Јас посакувам тој да биде овде со нас, -кратко изјави Зидан.

Коронавирус