среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 169
home Фудбал

Ѕвездата на ПСЖ и италијанската репрезентација бил толку многу пијан што полицијата му помогнала да излезе од автомобилот

Ѕвездата на ПСЖ и италијанската репрезентација бил толку многу пијан што полицијата му помогнала да излезе од автомобилот

Ѕвездата на францускиот шампион ПСЖ и италијански репрезентативец, Марко Верати бил уапсен ноќта помеѓу вторник и среда поради возење во пијана состојба, пренесува Екипа.

Полицијата го запреала Верати во рутинска контрола два и пол часа по полноќ, а италијанскиот фудбалер не го поминал тестот за алкохол.

Верати бил приведен во полициска станица каде што го поминал остатокот од ноќта во ќелија за трезнење.

Еден од најдобрите италијански фудбалери утрото бил пуштен на слобода, а потоа му била одземена возачката дозвола и добил парична казна.

Исто така, се очекува и санкции од страна на ПСЖ. Според некои информации, Верати наводно бил толку многу пијан што полицајците му помогнале да излезе од автомобилот.

Коронавирус