петок, 25. септември 2020. Вести денес: 141
home Фудбал

Ѕвездата на Јувентус замина во Зенит

Ѕвездата на Јувентус замина во Зенит

Италијанскиот фудбалер Клаудио Маркизио потпиша двегодишен договор со Зенит од Санкт Петербург.

Маркизио неодамна ја прекина соработката со матичниот клуб Јувентус и го напушта Торино по 25 години, по што одлучи да прифати понуда на рускиот клуб.

32-годишниот фудбалер го избра Зенит пред бројни понуди кои доаѓаа од клубови како Пари Сен Жермен, Монако, Ница и Монтреал.

Со исклучок на една сезона одиграна како позајмен во Емполи, Маркизио целата своја кариера ја помина во Јувентус. (МИА)

Коронавирус