среда, 2. декември 2020. Вести денес: 171
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Фудбал

Ѕвезда на Барса заврши во Шалке на заем, со урнебесни цени за – откуп!

Ѕвезда на Барса заврши во Шалке на заем, со урнебесни цени за – откуп!

Младиот француски дефанзивец Жан Клер Тодибо и официјално е нов член на германскиот бундеслигаш Шалке, кој за 1,5 милиони евра го зема на шестмесечен заем овој играч од шпанска Барселона, но со опција за негов откуп.

И ништо тука не би било спорно, ако не се урнебесните цени за откуп на Тодибо во двата працви. По завршување на оваа сезона, Шалке за Тодибо ако сака да го задржи ќе треба да издвои 25 милиони евра плус пет милиони за бонуси. Но, дури и тоа да се случи, Барселона ќе има право да си го врати и тоа во било кој момент за – 60 милиони евра (50 за отштета и 10 за бонуси).

Очекувано беше Тодибо да си оди од Барса, најмногу поради слабата минутажа и само петте настапи за Каталонците за цела година, откако дојде во јануари лани. Сезонава има само два настапи во Ла Лига и еден во ЛШ, а дури 12 пати воопшто не бил ни на клупата за резерви.

Инаку тој во Барселона дојде за само еден милион евра, па Барселона секако е во плус најмалку половина милион веќе зимава, а може да се збогати ако тимот од Гелзенкирхен го откупи. Но, ако Тодибо блесне во Бундеслигата и Барселона посака да го врати, дури тогаш Каталонците ќе се каат за ваквиот урнебесен договор.

Коронавирус