четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 69
home Фудбал

Џони Еванс ќе го засили Лестер

Џони Еванс ќе го засили Лестер

Дефанзивецот на ВБА, Џони Еванс ќе премине во Лестер, пренесе „Скај Спортс“.

Поранешниот централен дефанзивец на Манчестер Јунајтед се согласил да премине во редовите на „лисиците“, а потоа била активирана и клаузулата за ослободување на фудбалерот во вредност од 3 милиони фунти. Оваа клаузула во договорот на играчот стана активна по падот на Албион во чемпионшип дивизијата.

Џони Еванс премина во Вест Бромвич од Манчестер Јунајтед во текот на летото на 2015-та година, кога Луис ван Гал одлучи дека нема потреба од услугите на дефанзивецот. Тој има 70 натпревари и два погодока за Северна Ирска, три титули во Англија, два Лига купови и Светското клубско првенство 2008 година.

Еванс беше поврзуван со трансфер во Арсенал и Манчестер Сити во текот на последните неколку трансфер прозорци, но на крајот поранешниот „ѓавол“ ќе ги брани боите на Лестер од следната година.

Коронавирус