сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Џон Тери започнува нова ера – ќе се проба како главен тренер

Џон Тери започнува нова ера – ќе се проба како главен тренер

Легендарниот англиски фудбалер Џон Тери повеќе не е помошник тренер на Астон Вила, официјално потврди клубот од Бирмингем.

Тери беше асистент менаџер на Астон Вила, Дин Смит веќе три години, а тој беше во клубот додека сè уште играше во Чемпионшип.

„Размислував за својата професионална иднина и мислам дека не би било фер кон тимот доколку останев во тимот а притоа не сум сигурен дали ќе бидам таму цела сезона. Мојот план е да направам пауза, да поминувам време со моето семејство, а потоа да посетам некои клубови ширум Европа и да продолжам да одам кон исполнување на мојот план – позицијата главен тренер“, рече Џон Тери.

Клубот му се заблагодари на Тери за времето минато на „Вила парк“ и му посака сè најдобро во продолжението на кариерата.

Тери (40) работеше како асистент во стручниот штаб на Астон Вила од 2018 година, а пред тоа имаше импресивна играчка кариера, за време на која беше капитен на Челси и англиската репрезентација.

Тој играше за клубот од „Стемфорд Бриџ“ од 1998 до 2017 година, а за сезоната 2017/2018 ја одигра Астон Вила.