сабота, 28. март 2020. Вести денес: 71
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Џон Тери се враќа во Челзи, ќе го предводи младинскиот тим

Џон Тери се враќа во Челзи, ќе го предводи младинскиот тим

Поранешниот фудбалер на Челзи, Џон Тери ќе го предводи младинскиот тим на клубот до 23 години, пренесе „Мирор“.

На оваа позиција, тој го заменува Џоди Морис, кој сега работи со Френк Лампард во Дерби Каунти.

Триесет и седум-годишниот Тери ќе добива по 800.000 фунти за сезона. Тери играше за Челзи од 1998 до 2017 година, а потоа помина една сезона во Астон Вила.

Во септември, Џон Тери беше пред потпишување договор со Спартак Москва. Во последен момент, сепак тој ја одби понудата. Англичанецот рече дека ја донел одлуката откако разговарал со своето семејство. (МИА)