понеделник, 22. октомври 2018. Вести денес: 81
home Фудбал

Џон Тери сака да биде менаџер

Џон Тери сака да биде менаџер

Фудбалерот Џон Тери изјави дека сака да биде менаџер, но ја отфрли варијантата да застане на чело на Астон Вила по разрешувањето на Стивен Брус. Триесетиседумгодишниот поранешен англиски репрезентативец го објави неговото повлекување од фудбалот во понеделникот.

– Подготвен сум за следното поглавје од мојот живот. Ајде да видиме што ќе ми донесе иднината. Се надевам дека ќе имам барем половина успеси кои ги имав како фудбалер. Франк (Лампард) е мој добар пријател. Го видов пред неколку дена. Мојата желба е иста како неговата – да бидам менаџер. Го посакувам тоа долго време, изјави Тери за Скај Спортс.

Во неговите 23 години во фудбалот( од кои 22 во Челзи), Џон Тери одигра 717 натпревари за првиот тим на „сините“ во кој постигна 65 гола. Тери стана капитен на тимот од „Стемфорд Бриџ“ денови пред да наполни 21 година и го напушти клубот 22 години подоцна. Тој освои пет титули во Англија, пет ФА Купа и 3 Лига Купови. Со тимот од Лондон, тој ги крена и трофеите во Лигата на Шампионите во 2012 година и Лига Европа во 2013 година.

Во сезоната 2017/18 година, Тери премина во второлигашот Астон Вила, за кој запиша 32 средби.

Џон Тери е дел од историјата на националниот тим на Англија, откако има 78 дуели за „Трите лава“ во периодот 2003-2012 година.

МИА