среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 127
home Фудбал

Џерард по мечот со Шкупи: Требаше да победиме поубедливо

Џерард по мечот со Шкупи: Требаше да победиме поубедливо
Менаџерот на Ренџерс, Стивен Џерард беше задоволен од победата на Шкотите со 2:0 дома против македонскиот тим Шкупи во квалификациите за Лига Европа. Головите на Џејми Марфи и капитенот Џејмс Таверниер им помогнаа на „сините“ да земат солидна предност пред судирот во Скопје.
-Задоволен сум од резултатот. Презентацијата ни беше на задоволително ниво, но не и подобро од тоа. Има многу позитивни нешта од овој дуел, но мораше да победиме поубедливо и да решиме сѐ во овој дуел. Имаме уште многу работа и требаше да победиме доста поубедливо, бидејќи направивме сè што е потребно за тоа, прокоментира Џерард по дуелот, кој е деби за него на чело на тимот од Глазгов.
Реваншот помеѓу двата тима е следната недела.

Коронавирус