понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Џеко останува во Рома до 2021 година, а потоа станува директор

Џеко останува во Рома до 2021 година, а потоа станува директор

Босанскиот репрезентативец Един Џеко ќе добие нов договор во Рома до 2021 година и ќе стане клупски директор покрај легендарниот Франческо Тоти.

Голгетерот ќе мора да го прифати намалувањето на платата на 4,5 милиони евра но со продолжување на договорот за уште една година, со тоа што би добил функционерска улога на „Олимпико“.

Џеко оваа седмица дипломира Спортски менаџмент во Сараево и тој се гледа себеси во иднина како директор на клубот.

Покрај Рома, понуда за преземање на некои од функциите по завршувањето на кариерата Џеко има и од Фудбалската асоцијација на Босна и Херцеговина.

Коронавирус