Фудбал

Џанлуиџи Донарума ќе го продолжи договорот со ПСЖ

Џанлуиџи Донарума ќе го продолжи договорот со ПСЖ

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума најверојатно ќе остане во францускиот ПСЖ, а управата подготвила нов договор за него и тој би требало да го потпише во следниве денови, јавија повеќе медиуми во оваа земја.

Новата соработка треба да трае до 2030 година, а чуварот на мрежата би добил и зголемување на платата.

Во моментов Донарума заработува осум милиони евра по сезона, но оваа сума може да порасне за уште два милиони. Голманот изразил желба да остане во Париз, па затоа се очекува наскоро да биде објавена новата соработка.

To top