Фудбал

Џамал Мусиала го продолжи договорот со Баерн Минхен до 2030 година

Џамал Мусиала го продолжи договорот со Баерн Минхен до 2030 година

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал ​​Мусиала го продолжи договорот со клубот до летото 2030 година, соопштија од минхенскиот клуб.

Детали за продолжувањето на соработката не се соопштени, но германските медиуми наведуваат двојна трансфер клаузула од 175 милиони евра две години пред истекот на договорот и 100 милиони евра една година претходно.

Дваесет иедногодишниот офанзивен играч за врска ќе добие и зголемување на платата што сега ќе биде на ниво на англискиот напаѓач Хари Кејн, што значи околу 25 милиони евра во однос на претходните девет милиони.

„Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Првите фудбалски чекори ги направив овде и уверен сум дека можам да постигнам големи работи со клубот во наредните години“, изјави Мусиала.

To top